Ц. Звезда го покори Малме и обезбеди нокаут-фаза во Лига Европа (ВИДЕО)

Црвена Звезда се пласира во следната фаза од Лига Европа, откако триумфираа против Малме со 1-0 во седмото коло од елитното европско натпреварување.

„Црвено-белите“ го постигнаа единствениот гол во 16. минута преку Василије Костов, кој им донесе големи три бодови и пласман барем во шеснаестинафинале на Лига Европа.

Српскиот гигант во последното коло ќе игра против Селта Виго, па ќе има можност да се избори и за топ-8 на табелата, односно осминафинале во натпреварувањето.

Астон вила имаше успешно гостување кај Фенербахче, па со погодокот на Џејдон Санчо успеа да освои големи три бодови со кои екипата останува во трка за првата позиција на табелата.

Селтик тргна одлично и имаше предност од 2-0 против Болоња, со погодоците на Хатате и Трасти. Сепак, шкотскиот тим доби црвен картон, а тоа го искористи калчолигашот за до крајот да израмни преку Далинга и Ров.

Останати резултати:

Болоња – Селтик 2-2
Бран – Мидтјиланд 3-3
Фенербахче – Астон вила 0-1
Феенорд – Штурм Грац 3-0
Фрајбург – Макаби Тел Авив 1-0
ПАОК – Бетис 2-0
Викторија Плзен – Порто 1-1
Јанг Бојс – Лион 0-1

Фото: EPA