Барселона со два гола за четири минути го „нокаутира“ Дортмунд (ВИДЕО)

Барселона води со 2-0 против Борусија Дортмунд во петтото коло од групната фаза во Лигата на шампиони, па се наоѓа на чекор до пласман во следната фаза.

Луис Суарез остана без погодокот во 22. минута поради ВАР-системот, но во 29. минута постигна уште еден погодок за водство од 1-0, додека Лионел Меси во 33. минута погоди за 2-0.