Автомобил удри во автобусот со ѕвездите на Реал Мадрид!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид имаше турбулентен пат кон Германија пред првиот меч против Лајпциг во рамки на осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).

„Кралевите“ патуваа со авион до Ерфурт, а потоа со автобус тргнаа кон конечната дестинација, меѓутоа учествувале во сообраќајна незгода.

Патничко возило „Тојота Авенсис“ удрило во автобусот на шпанскиот гигант, откако возачот на автомобилот се обидел да промени лента на движење и притоа предизвикал само материјална штета од неколку илјади евра.

По незгодата, „кралевите“ тргнале кон Лајпциг каде што утре играат од 21 часот во ЛШ.