Адеми со гол и асистенција го однесе Динамо на чекор до ЛШ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми,  е најзаслужен за пласманот на Динамо Загреб во последното коло од квалификациите во Лигата на шампиони, откако капитенот на „модрите“ прво му донесе предност на својот тим од 1-0, а потоа и асистираше при третиот гол за убедлива победа на хрватскиот шампион од 4-0 против унгарски Ференцфварош.

Со овој триумф, Динамо Загреб само ја потврди фаворитската улога во дуелот против Унгарците, а во четвртото ќе ги одмерат силите против екипата на Розенборг, која пак славеше во двомечот против Марибор со вкупен резултат од 6-2 (3-1, 3-1).

Од преостанатите екипи, пласман во наредната фаза обезбедија АПОЕЛ и Клуб Бриж.