Жиру дефинитивно си оди од Милан, следна станица - САД

Најдобриот стрелец во историјата на француската репрезентација Оливие Жиру ќе ја доврши оваа сезона во Милан, а потоа ќе го напушти европскиот фудбал.

И порано се зборуваше дека кариерата ќе ја продолжи во САД, а денеска медиумите во Франција објавија дека потпишал договор на 1,5 година со екипата на Лос Анџелес ФЦ. На американскиот континент ќе замине по три години поминати во Милан, период во кој освои и една титула во Серија А.

Пред да се пресели во САД, Жиру ќе настапи и на Европското првенство во Германија каде официјално ќе ја заврши и репрезентативната кариера, на 38-годишна возраст.