Во Иран почина првата спортистка заразена со коронавирусот!

Коронавирусот се појави во повеќе од 50 држави ширум светот, а имаше големо влијание и во светот на спортот, откако беше откриен еден фудбалер во Италија, кој беше заразен со вирусот, а исто така и натпреварите во Серија А следниот викенд се во план да се играат без публика. Но, пристигна и трагична вест од Иран, каде што вирусот веќе ја зема првата спортска жртва.

Натпреварувачката во футсал, Елам Шеик, која имала  само 23 години ја загубила борбата со опасниот коронавирус, кој крена паника во целиот свет.

Шеик пристигнала во болницата пред 10 денови, каде што ѝ била констатирана болеста, по што била ставена на лекување, но докторите не успеале да го спасат нејзиниот живот.

Да потсетиме, претходно беше откриен и случај на заразен фудбалер на третолигашот Пианезе, а најверојатно станува збор за Пол Акпан Удох.