
Трансфер за паметење: Беше светски првак со Италија, реши да игра во – Сан Марино!?
Сан Марино е една од најслабите фудбалски земји, со аматерски клубови, кои како и репрезентацијата ги полни кој ќе стигне. Ама, тоа не му пречи на Ѕакардо, па избра да потпише за еден од најпознатите клубови од оваа „фри-шоп“ држава, Тре Фиори. Ѕакардо е бивш играч на Палермо, Милан и Парма и ако ништо друго можеше да игра најмалку во Серија Б, па дури и во некој од познатите Ц-лигаши.
„Како велат, срцето сака тоа што сака, а јас воодушевено го прифатив договорот на Тре Фиори од Сан Марино. Се надевам дека мојата страст, искуство и професионализам ќе бидат корисни за клубот, па така ќе постигнеме уште поамбициозни резултати. Јас едвај ги чекам мечевите“, вели Ѕакардо.
Нема сомнение дека Тре Фиори го направи трансферот за паметење, зашто во аматерскиот клуб ќе игра бивш светски првак, нешто што многу клубови од многу посилни лиги не доживеале во состав да имаат играч кој ја освоил „божицата“, макар тој бил и пред пензија.
Тре Фиори е шесткратен првак на Сан Марино, но нема титула од 2011 година.