Toтнем најде замена за Кејн, ќе плати 65 милиони фунти

Според информациите на познатиот италијански новинар Фабрцио Романо, екипата на Тотнем го избрала наследникот на Хари Кејн.

Напаѓачот на Бормут, Доминик Соланке би требало да го облече дресот на лондонскиот клуб, откако двата клуба се договориле околу висината на оштетата.

Бормут наводно ја прифатил понудата од 65 милиони фунти што е рекордна сума која ќе ја плати Спарс за еден фудбалер, но и рекордна продажба на Вулбс.

Соланке со Тотнем би требало да потпише договор на шест години.