Тажен крај за најпознатиот африкански навивач – свирепо убиен во својот дом (ВИДЕО)

Животот на најпознатиот африкански фудбалски навивач заврши ептен тажно, откако беше убиен од близок роднина.

Станува збор за Исак Џума (56 години), голем фан на репрезентацијата на Кенија, кој смртно настрада после нападот во неговиот дом во местото Мумиас во провинцијата Какамега. Полицијата соопшто дека тој бил убиен вчера и дека осомничениот веднаш бил притворен, а како главна причина за злосторството се споменува неразрешените имотно-правни односи. Каролин Аума, ќерката на убиениот Џума, изјавила дека тој и претходно имал проблеми со своите брат и сестра околу одредена земја, што било потврдено и од неговата сопруга.

„Мојот татко беше безопасен човек, кој не би згазнал ниту на мравка“, изјави Каролин.

Исак бил голем вљубеник во фудбалот, а освен за селекцијата на Канија навивал и за екипата на АФЦ Леопардс. Познат беше по тоа што своето тело го фарбал во бело или во боите на кениското знаме, а нема пропуштено натпревар на Кенијците уште од 1980 година.