Тага и солзи на тренингот на Нант откако беше запрена потрагата по Сала (ВИДЕО)

Емилијано Сала по потпишувањето на договорот со Кардиф се врати во Нант за да се поздрави со своите поранешни соиграчи, но потоа исчезна со неговиот авион откако тргна кон Англија, по што се водеше потрага неколку дена, а денеска официјално беше запрена откако ништо не беше пронајдено.

Авионот во кој се наоѓаше Сала не е пронајден, па јасно е дека преживеани нема, односно како што беше соопштено денеска од полицијата, шансите за такво нешто се многу мали.

Веста дека потрагата е прекината се појави во момент додека траеше редовниот тренинг на Нант, а токму тогаш поранешните соиграчи на Сала ги дознаа тажните вести, по што некои заплакаа од тага.