Спремете се за фудбалски маратон(и): На СП во Катар мечевите ќе траат по 100 минути!?
Не дека нешто ќе се промени во судењето и надополнувањето на времето, туку судиите добиле јасна препорака да го надополнат секое непотребно загубено време или одолговлекување, па проценка на стручњаците е дека реткост би биле мечевите под сто минути на СП во Катар. Сепак, најмногу ќе зависи од бројот на голови, повреди, лекарски интервенции, користење на ВАР и полуавтоматскиот систем за офсајди, одолговлекувања...
И досега воглавно се надополнуваше загубеното време, но не секој меч имаше еднакво надополнување и сè беше оставено на судиската проценка. Сега, ругорозно им е наредено да се надополнува секоја беспотребно загубена минута, во славја, ВАР-прегледи, одолговлекувања, лежења на терен... Што би значело, одолговлекување во надополнување ќе се продолжува за толкав период за кој има “беспотребен прекин“.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантоно им даде потполна поддршка на судиите и ги стави за многумина зачудувачки како главни за Светското првенство. Не суперѕвездите, ами – судиите.
„Судиите за нас не се само еден тим, туку тие се тим број еден. Најважниот тим на Светското првенство, бидејќи без судискиот тим, нема ни Светско првенство“, вели Инфантино.
Како сè ќе изгледа ќе видиме од недела од 17 часот со почетокот на СП со пресметката на домаќинот Катар и Еквадор.