Скандал на Копа Америка: Судијата „асистираше“ за првиот гол на Бразил (ВИДЕО)

Селекцијата на Бразил со судни маки ја совлада Колумбија (2-1) во ноќешната пресметка од 3. коло од групната фаза на Копа Америка, меч кој предизвика големи реакции поради победничкиот гол на „кариоките“.

Колумбијците се бесни прво поради фактот што тоа се случи во 100. минута, односно во десеттата минута од судиското продолжение, а потоа и поради учеството на судијата Питана во акцијата по кој падна погодокот на Фирмино за изедначување. Делителот на правдата заборави на новото правило на ФИФА дека секогаш кога ќе го удри топката мора да ја прекине играта, па дозволи таа да продолжи иако беше очигледно дека беше погоден при додавањата на „кариоките“.

ВАР-собата не ја смени одлука, по што таа на судијата да почитува предност иако треба да ја прекине играта, остана на сила.