Скалони ќе стане првиот селектор на Аргентина со три мундијали!
Со новиот договор, Скалони ќе стане првиот селектор во историјата на Аргентина кој ќе ја води репрезентацијата на три Светски првенства.
Договорот беше официјално претставен на прес-конференција, а како што пренесува агенцијата ЕФЕ, продолжувањето се однесува на целиот стручен штаб, oсвен Валтер Самуел кој ја напушти репрезентацијата. Останатите како и Скалони се обврзаа на верност до 2030 година.
„Ова е важна вест за сите Аргентинци, бидејќи тој ќе стане селектор со најмногу настапи на Светските првенства. Меноти и Билардо водеа по две, а Скалони ќе води три“, изјави Тапија.
Скалони, кој со Аргентина ја освои светската титула на Мундијалот во Катар во 2022 година, а на првенството во 2026 година заврши на второто место, не го криеше задоволството од продолжувањето на соработката.
„Иако ова не се лесни моменти за моето семејство, ова ме исполнува со среќа. Тоа е нешто што сите го посакувавме од самиот почеток. Откако добро размисливме и разговаравме во стручниот штаб, одлучивме дека најдобро е да продолжиме. Брзо постигнавме договор“, истакна Скалони.