Семејството на Сала започна приватна потрага по исчезнатиот авион

Авионот на Емилијано Сала исчезна во понеделникот на пат од Нант кон Кардиф, а по неколку дена потрага, спасувачките тимови решија да ја прекинат акцијата, по што следуваа молби од семејството на Аргентинецот, па тие решија да почнат самите истрага.

Семејството на Сала планира да финансира приватна потрага и спасувачка мисија за да ја решат големата мистерија, иако многумина сметаат дека Аргентинецот е мртов, односно премногу се мали шансите да преживеале пад во океанот.

Неговата мајка Мерцедес денеска отпатува на каналските острови, каде што веќе е стигнат агентот на фудбалерот, па ќе се обидат да го пронајдат авионот на Сала.

Сестрата на Сала вчера пристигна во Кардиф и испрати јавна молба до спасувачките тимови да продолжат да го бараат нејзиниот брат.

„Ве молам немој да се откажете од потрагата по брат ми. Знам дека е уште жив. Во моето срце знам дека Емилијано е борец и дека уште е жив. Пилотот и брат ми се на Каналските острови“, кажа сестра му.

Очигледно семејството на Аргентинецот нема намера да се откаже, па би можеле наскоро да очекуваме решение на мистеријата со исчезнувањето на авионот.