Салах ќе добие земјиште како подарок во светиот град Мека

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах сезонава игра во животна форма и е на одличен пат да ја прекине доминацијата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо кога станува збор за Кристијано Роналдо.

Салах заслужено е избран за најдобар играч во англиската Премиерлига сезонава, а многумина веруваат дека ќе ја освои Златната топка на крајот од годинава доколку продолжи да игра во ваква форма. Освен тоа, Еѓипќанецот би можел да добие и интересна награда во Саудиска Арабија.

Имено, потпретседателот на општината Мека, Фахд Ал-Роуки изјави дека фудбалерот на Ливерпул ќе добие земјиште во овој свет град. На тој начин сака да му оддаде признание на Салах за сето она што го прави за арапскиот народ. Сепак, за да се случи сето тоа, мора и Саудиска Арабија да даде дозвола, но и самиот Мохамед Салах треба да одлучи дали ќе прифати таква награда.

„Доколку нашиот систем дозволи тогаш ќе му подариме земјиште на Салах во Мека. Доколку тоа не се случи, имаме планови во Мега да изградиме џамија во негово име. Конечниот збор ќе го даде Салах со кого наскоро ќе разговараме“, порача Ал-Роуки.