Сала се жалел дека не е безбеден во авионот, ама пак се качил во него!

Аргентинецот Емилијано Сала се води како исчезнат, откако синоќа приватниот авион со кој патувал од Нант во Кардиф исчезнал над Ла Манш и од 21 часот наваму му се губи секаква трага, а ниту спасувачките служби не успеаа досега да го лоцираат и да го пронајдат авионот.

Речиси сите веќе се сомневаат дека Сала преживеал во авионската несреќа, а тренерот на Нант, Вахид Халилхоџиќ изјави пред малку дека треба сите да бидат подготвени на најлошото можно сценарио. Иако се надеваат дека малиот авион „Пајпер Малибу“ успеал некаде итно да слета.

Сала направи трансфер во Кардиф за клупски рекорд од 15 милиони евра, но не дочека да одработи тренинг, зашто со приватниот авион се вратил во Нант за да се збогува со своите доскорешни соиграчи, а од утре требаше да се стави во погон во новиот клуб.

Но, додека светот се подготвува да дочека нова трагична вест, францускиот новинар Давид Филипеу објави дека Сала се жалел на авионот дека е небезбеден и дека стравува за својот живот. Наводно, според информациите на Филипеу, откако Сала дошол во нант за последен пат да ги поздрави доскорешните колеги, му се доверил на соиграчот Николас Палои дека летот од Кардиф до Нант бил многу лош и нелагоден и дека поради тоа се плаши за својата сигурност.

Сепак, Сала се качил на авионот вчера и потоа на „Пајпер Малибу“ му се губи секаков траг.