Сала пратил говорна порака пред несреќата: Авионот се распаѓа, тешко дека ќе ме најдат!

Аргентинецот Емилијано Сала, кој се води како исчезнат по авионската несреќа за која сè уште се трага по малиот авион со кој фудбалерот патувал од Нант кон Кардиф во Велс, испратил морничава говорна порака преку „Ватс Ап“ непосредно пред авионот да исчезне од радарите.

Сала направи трансфер на кариерата и мина од Нант во Кардиф за 15 милиони евра, па вчера требаше да се појави на првиот тренинг и да конкурира за меч викендов. Но, неговиот авион во кој бил само тој со пилотот, најверојатно се урнал во Ла Манш, откако исчезнал во тој дел за време на летот, но засега спасувачките не го пронашле авионот.

Сала во група испратил порака во која посочил дека авионот се распаѓа и порачак дека ако за час и половина го нема, значи дека тешко оти воопшто ќе го најдат.

„Здраво мои браќа, како сте луди луѓе? Брат, јас сум мртов. Бев во Нант, правев, работи, и работи, и работи, и работи...Никогаш не престануваше. Сега сум во авион, кој изгледа ќе се распадне. Одам за Кардиф. Утре почнувам попладне, стартувам со нови тренинзи со мојот нов тим. Ќе видиме што ќе се случи. Како сте вие браќа и сестри, сè е во ред? Ако за час и половина нема вести за мене, не знам дали ќе пратат некого да ме бара, бидејќи тешко дека ќе ме најдат. Знаете... Тато, уплашен сум!“, рекол Сала.

Оваа говодна порака е најнова, откако прво француски новинар откри дека Сала на еден од своите клупски другари му се доверил дека имал неверојатно лош лет од Кардиф кон Нант и дека не сакал повторно да лета со истиот авион. Нешто подоцна беше откриено дека Сала му пратил СМС-порака на свој другар, во кој исто така посичува дека е уплашен за својот живот.