Роналдо не можеше да го гледа лигавењето на Марадона со девојка му (ФОТО)

Бразилската легенда Роналдо, кој во 2002 година беше херој на Бразил за петтата светска титула седеше заедно до аргентинската легенда Диего Марадона во ВИП-ложата на Арена Казан, каде Аргентина загуби со 3-4 од Франција во осминафиналниот спектакл.

Но, и на Роналдо му беше незгодно во еден момент да го гледа лигавењето на Марадона со неговата девојка Росио Олива, кои невкусно се бакнуваа во ложата, па Бразилецот во еден момент повеќе се концентрираше на мечот за да не го гледа разменувањето на нежности на Марадона со својата придружничка.

Олива допатува од Аргентина за овој меч, откако претходно Марадона сам дивееше на мечевите и направи еден тон контроверзни моменти додека Аргентина ги играше мечевите по групи.