Роналдо ќе ја предводи Португалија на СП во Катар (ФОТО)

Португалија ќе се обиде да го нападне трофејот на Светското првенство (СП) во Катар, а селекторот Фернандо Сантош на 10 дена пред почетокот на турнирот реши да го објави конечниот список со патници.

Сантош избра 26 фудбалери со кои ќе се обиде да го освои Мундијалот во Катар, иако е свесен дека нема да бидат едни од фаворитите за трофејот.

Најголема ѕвезда во селекцијата ќе биде Кристијано Роналдо, а ќе му помагаат и другите ѕвезди како Рафаел Леао, Бруно Фернандеш, Жоао Феликс и останатите.