Официјално: Некогашниот најголем германски талент заврши во катарски Ал Ахли!

Тоа што се најавуваше повеќе од неколку недели, Јулијан Дракслер, некогашниот најголем германски талент од ПСЖ се пресели во Катар и ќе игра за тамошниот Ал Ахли.

Дракслер е вториот фудбалер на ПСЖ кој заминува во Катар, после Марко Верати кој потпиша со Ал Араби за трансфер вреден 45 милиони евра. Германецот беше најголемиот талент, кој никогаш не успеа да го достигне сиот свој потенцијал и да блесне во полн сјај, најмногу и поради неколкуте повреди.

Германецот со Ал Ахли потпиша двегодишен договор до јуни 2025 година.