Официјално: Кјелини се врати во Јувентус
Во Јувентус, Кјелини ќе биде шеф за институционален однос.
„Џорџо Кјелини никогаш не престана да биде дел од Јувентус: Во своето срце, во својата душа и вредностите кои ги почитуваше како на теренот, така и надвор од него. Џорџо ќе работи директно под раководство на извршниот директор, Маурисио Сканавини. Од 16 септември тој ќе го носи тренерскиот дрес на „старата дама““, потврди клубот од Торино.