Нова мистерија: Сала дошол со два пилоти, едниот не се качил на кобниот лет?!

Откако исчезна авионот со аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала на пат од Нант кон Кардиф, и трет ден спасувачките служби не успеваат да го најдат местото на евентуалниот пад, иако како што соопшрија прегледале 3.000 квадратни километри.

Но, многу нелогичнсти се појавија околу кобниот лет на фудбалерот со малиот авион „Пајпер Малибу“, за кои експертите тврдат дека смртоносниот лед на крилата е причина за уривањето. Спасувачките служби веќе објавија дека „нема надеж“, па црните сценарија за уривањето на авионот со катастрофални последици сега е сè повеќе извесен.

Сала направи клупски рекорден трансфер во Кардиф за 17 милиони евра, но преку својот менаџер организирал лет за да се врати во Нант и да се збогува со доскорешните соиграчи и потоа да се врати во Велс, каде ќе ја започне новата авантура. Дошол со „Пајпер Малубу“ во неделата, а во понеделникот вечерта тргнал за Кардиф, но не слетал на аеродромот, откако во 20.30 часот авионот исчезнал од радарот.

Авионот го возел Дејв Иботосон (60), кој бил искусен пилот, но најмен од претставниците на фудбалерот. Сепак, тука се појавува првата мистерија. Во авионот на доаѓање во Нант бил и Дејв Хендерсон, искусен британски пилот, кој ја минал граничната контрола во Нант во друштво на Сала. Но, Хендерсон потоа не се појавил во авионот за кобниот лет, а Иботосон го управувал авионот, кој едноставно се распаѓал, како што објави во говорната порака Сала непосредно пред уривањето.

Втората мисертија е зошто на авионот му било дозволено да полета од четврти обид, а третата зошто Иботосон побарал да ја намали висината од 5.000 стапки на последниот контакт со контролорите, на 2.300 стапки. По што над Гернеси, му се изгубил секој траг. Сомнително е зошто пилотот не пријавил некаков проблем, ако постоел со авионот?

Инаку англиските меидуми објавија дека „Пајпер Малибу“ е еден од најнебезбедните авиони, зашто од 1.000 колку што се во употреба, досега се урнале преку 160.