„Некој му дозволил на Сала да направи голема лудост која ја плати со – својот живот!“

Целиот свет изминативе 24 часа е во исчекување на вести поврзани со исчезнувањето на новиот фудбалер на премиерлигашот Кардиф, Емилијано Сала, кој по комплетирањето на трансферот се вратил во својот досегашен клуб Нант да се поздрави по што тргнал назад кон Велика Британија.

Од тој момент на авионот со кој патувал му се губи секаква трага, поради што фудбалската јавност веќе е подготвена за најцрното сценарио. Според британски контролор за летање, главен виновник за ваквиот епилог е тој што дозволил авионот на Сала воопшто да полета за по лошо време да го мине каналот помеѓу Франција и Велика Британија.

„Прелетувањето на Каналот по лошо време, па уште и со авион со еден мотор е вистинска лудост, која била дозволена од некој одговорен да го заштити. Поради нечија невнимателност, фудбалерот најверојатно ќе плати со својот живот. Летањето во тој предел е како да летате во зима преку Антартикот. Сѐ уште не ми се верува дека некој дозволил авионот да полета по вакво невреме“, изјавил контролорот за летање за британска телевизија.

Несреќата како да ја пречуствувал и самиот Сала, кој по полетувањето испратил порака со содржина во која стравува дека може да му се случи нешто лошо.