Нејмар по новиот кикс на Сантос имаше жестока кавга со - навивач (ВИДЕО)

Сантос синоќа беше поразен од Интернационал со 2-1 и падна во зоната за испаѓање, славниот бразилски клуб е на 17. позиција, а Нејмар и овојпат беше во центарот на вниманието.

Навивачите на Сантос се гневни поради слабите изданија на нивниот клуб кој реди лоши резултати.

По натпреварот Нејмар влезе во жестока расправија со навивач на Сантос кој имаше што да му каже на славниот фудбалер, но овој не попушташе и силно возвраќаше.

Претходно Нејмар се израдува на погодок иако топката не влезе во голот. Бразилецот прослави како луд, дури го скрши и корнер знаменцето од радост. Но, погодок немаше.