Модриќ: Секогаш сонував трофеи, но „Златната топка“ е повеќе и од сон!

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ вечерва во Париз ја освои „Златната топка“, со што ги комплетираше сите инвидивуални награди за 2018 година.

По прогласувањето на победникот, Модриќ се појави на бината, каде што одржа емотивен говор.

„Ова е неверојатно чувство. Среќен сум и горд. Тешко може да кажам било што во овие моменти, но ви благодарам на сите кои допринесовте за ова. Му благодарам на Реал, на сите луѓе од клубот и соиграчите. Исто така, благодарам до хрватската репрезентација, односно на моето семејство кое секогаш беше тука за мене. Секогаш сонував трофеи, но ‘Златната топка’ е поевќе од моите соништа“, кажа Модриќ.

Хрватот во изборот за „Златната топка“ ги остави зад себе Кристијано Роналдо и Антоан Гризман.