Младински македонски репрезентативец пред потпис со Глазгов Ренџерс! (ФОТО)

Младинскиот македонски репрезентативец Миле Тодоров, член на суперталентираната генерација до 19 години која лани играше елитни квалификации и ја победи Англија е на проба во шкотскиот великан Глазгов Ренџерс, чил менаџер е англиската легенда Стивен Џерард и многу веројатно ќе потпише договор со овој гигант.

Според весникот „Скотсман“, 19-годишниот Тодоров е во Шкотска на проба кај Ренџерс кој треба да ги тестира капацитетите на одличниот дефанзивен фудбалер за врска пред да го потпише во овој зимски преоден рок. Тодоров според информациите веќе играл на еден тест меч за Ренџерс против англиски Мидлзбро.

Младиот фудбалер е поранешен играч на Работнички, кој потоа направи трансфер во хрватски Новиград, а Ренџерс веќе подолго време го следел на настапите за младата селекција на Макеоднија и за хрватскиот клуб.

Фан-страни на социјалните мрежи на шкотскиот великан веќе најавија дека Тодоров имал задоволувачка проба и дека се очекува да го засили Ренџерс, кој сезонава се бори за шампионската титула. Инаку овој шкотски гигант во првото квалификациско коло во Лига Европа го елиминираше чаирски Шкупи.