Мистерија за исчезнувањето на Сала: Четири нелогичности за новата спортска трагедија!

Аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала не дочека да заигра за својот нов клуб Кадриф, кој за клупски рекорд го купи од Нант за 17 милиони евра. Авионот со напаѓачот исчезна над каналот при летот од Нант кон Велс и по три дена, спасувачките служби се откажаа од потрагата посочувајќи дека – нема надеж за преживување.

Преку три илјади квадратни километри пребарале спасувачките служби од Гернеси, острови во каналот, каде во 20.30 часот во понеделникот исчезна авионот со Сала, кој се враќал кон Кардиф, откако Аргентинецот решил по промоцијата и потпишаниот договор да се збогува со досегашните соиграчи од францускиот тим

„Не најдовме ниту еден траг. Три дена, преку 80 часа летови, прегледани сателитски снимки... Ништо не успеавме да најдеме. Потрагата официјално е прекината“, соопштија од спасувачките служби.

Потрагата е затворена, но истрагата за несреќата е отворена. И после се што беше објавено, низа нелогичности од кои четири посебно се издвојуваат, ја прават оваа спортска трагедија една од – најголемите мисерии.

Првата нелогичност се – двајцата пилоти!

Авионот „Пајпер Малибу“ го возел Дејв Иботсон, кој се пофалил дека немал баш добро слетување во Нант и дека е зарѓан со системот за слетување. Но, сега се поставува мистеријата што барал и искусен пилот како Дејв Хендерсон, кој бил регистриран како влегува во Франција заедно со Сала. Иботсон на Фејсбук се чекирал во Нант на 19 јануари во саботата кога посочил дека имал проблем со слетувањето. Истиот тој го возел авионот и на кобниот лет, ама на истиот Хендерсон не бил качен (!?).

Втора нелогичност – кој дозволил полетување од четврти обид?

Англиските медиуми објавија повикувајќи се на официјални информации дека „Пајпер Малибу“ со Сала во него полетал дури од четврти обид од аеродромот во Нант. Се претпоставува дека причина за неуспешните три обиди било лошото време. Но, нејасно е зошто после три неуспешни обиди, не бил одложен летот за утрото? Сала наводно на пријатели им се доверил дека не се чувствува безбедно во авионот по слетувањето во Нант, а за време на кобниот лет испратил говорна порака дека „авионот во секој момент ќе се распадне и дека стравува за својот живот“.

Трета нелогичност – кој го избрал малдиот авион за ваков пат?

„Пајпер Малибу“ е мал авион, кој има еден мотор со пропелер со 310 коњски сили, но не е предвиден за тешки, захтевни ноќни летови. Плус во последно време бил еден од најнебезбедните, од причина што досега 166 вакви авиони од вкупно 1.000 веќе се срушиле, а 24 само во изминативе неполни две децении. Плус овој авион нема црна кутија, па дури и да се најдат остатоци, нема никогаш да биде дознаена вистината за падот. Се поставува и прашањето каде Сала брзал, зашто е изнајмен тој авион, кога Кардиф му понудил комерцијален лет кон Нант.

Четврта нелогичност – среде лет променета висината

Според официјалните информации, „Пајпер Малибу“ со Сала во него исчезнал во 20.30 часот, на 13 километри од крајбрежето на Велика Британија. Но, според тоа што е достапно, авионот со Сала по полетувањето од Нант се искачил на 5.000 стапки (1.520 метри), а со контролата во Гернеси побарал да се спушти на 2.300 стапки (700 метри) од нејасни околности. Притоа пилотот Иботсон не пријавил никаков проблем, ако веќе постоел со авионот. Веднаш по промената на висината, авионот исчезнал од радарот.

И откако три дена спасувачките служби „преораа“ голема површина, од авионот нема ни трага, ни глас. Оваа спортска трагедија ќе остане мистериозна и нерешена сооглед дека сите се откажаа од потрагата за малиот авион со фудбалерот кој сите го сакаа во Нант, а во Кардиф требаше да почне нова авантура, што не ја дочека.