Меси: Таа енергија и страст што ја добиваме од навивачите е – неверојатна! (ВИДЕО)

Вистинска наезда на аргентински навивачи има во Катар, зашто како Меси и дружината се врати во препознатливиот лик после шокот од Саудиска Арабија и стигна до четвртфинале (против Холандија), така уште повеќе се зголемува оптимизмот дека е дојдено времето за „гаучосите“ да освојат светска титула.

И атмосферата што аргентинските навивачи знаат да ја направат е неопислива, а таа поддршка посебно го инспирира Меси, кој им оддаде признание на навивачите потенцирајќи дека е неверојатна енергијата и страста што се префрла од трибините кон фудбалерите. Вчера на мечот со Австралија, атмосфера како да се игра во Буенос Аирес – спектакуларна. Каква што само аргентинските навивачи знаат да направат.

„Навивачите се неверојатни, а дури и изгледа лудо кога ќе поделите толку радости со среќни луѓе. Знам колку напор треба за да дојдете и тоа е за почит и повеќе од тоа. А, не смее да ги заборавиме и тие што се во татковината кои секогаш нѐ поддржуваат. Ја имаме таа желба, тој сон заедно со сите Аргентинци тука славенички да се вратиме дома. Ама, таа енергија и страст што ни ја пренесуваат на мечевите, тоа е – неверојатно“, вели Меси.

Тој посочи дека посебно го мотивира присуството на семејството со сопругата антонела и децата и посочи дека тоа што и тие го доживуваат е нешто спектакуларно.

„Моето семејство е секогаш присутно, моите деца посебно, зашто веќе пораснаа и сѐ разбираат. Кога ги видов како сѐ чувствуваат и како сѐ преживуваат е – спектакуларно. Посебно колку се возбудени и среќни и тоа дава дополнителна мотивација“, додава Меси.