Менаџер-измамник однел тројца фудбалери во странство, па ги оставил да – питаат!
Од поодамна во светскиот фудбал има менаџери-измамници, на кои веќе подолго време Светското здружение на фудбалери (ФИФПро) предупредува, а тројца играчи од Гана го почувстувале сето тоа на своја кожа, откако останале на улица во Зимбабве, а голема улога во измамата имале и луѓе од самата федерација (ЗИФА).
Франсис Аџетеј за ФИФПро ја раскажа ужасната страна на фудбалскиот сон, кој тој и негови сонародници ја преживеале, бараќи подобра иднина за фудбалската кариера, ама и за животот севкупно.
„Ни беше ветен сон, а ни се случи – кошмар!“, вели Аџетеј.
Аџетеј бил без клуб и на почетокот на оваа година бил по потрага по нова средина. Менаџерот од Камерун го информирал дека Клуб Африка од Зимбабве е заинтересиран за него, понудата е од 1.000 до 1.500 долари месечно, плус 10.000 долари бонус за потпис на договорот. Требало само Аџитеј да си го плати патот од Гана, а кога ќе стигне во Зимбабве ќе му бидат вратени парите.
И кога тргнал во авантурата, прво решил да се запознае со клубот, ама не можел да најде ни основни информации, освен телефонски броеви. На нив се јавиле двајца кои лажно се претставиле дека се претседател и генерален секретар на Клуб Африка, а всушност биле вработени во федерацијата ЗИФА. После контактот му соопштиле дека Клуб Африка е млад и амбивциозен клуб и дека сакаат да го ангажираат, како и уште тројца други фудбалери. Но, кога стигнале во Зимбабве сфатиле веќе дека се измамени.
Таков клуб не постоел, а ги однеле во нисколигашот Лувелд јунајтед, па морале да живеат во туѓа куќа. Еден од четворицата кои тргнале на пат успеал да избега и да се врати во Гана, ама останатите тројца – останале заробени. Поради пандемијата со коронавирус се затвориле границите, а тие немале каде да одат.
„Никогаш ова не сме го кажале, ни на најблиските дома, зашто ни беше срам. Првпат патувавме и вакво нешто ни се случи. Потоа мојот менаџер од Камерун не се ни јавуваше, никогаш не ни покажа дека му е грижа. Ова е една голема лекција. Ако сте фудбалер и ако некој сака да ви помогне, ама прво ако бара пари, не наседнувајте. Тоа е мој совет. Бидете во контакт само со вистинските луѓе“, додава Аџетеј.
Успеале да се спасат после пеколот што го преживеале благодарение на здружението на фудбалери во Зимбабве, кои заедно со федерацијата ЗИФА успеале да им обезбедат нормално враќање дома. ЗИФА своите членови кои биле вмешани ги суспендирала на пет години, плус ги казнила со по 1.300 долари, а на крај се испоставило дека тие што ги измамиле фудбалерите од Гана работеле и со криумчарење на луѓе.
„Млади и недолжни фудбалери биле однесени од нивните семејства и биле измамени преку лажирање и давање на лажни информации, оставени да преживуваат во туѓа земја, без никаква помош, ниту здравствено лекување, ниту домување, едноставно претворени во – просјаци“, објави ЗИФА.