Марадона пие текила без раце, а до него - кесиште со бел прав! (ВИДЕО)

Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, Диего Марадона, со своето однесување редовно е на мета на медиумите, но и на обичните луѓе кои се со подготвени телефони за снимање на секој него потег кој најчесто е – скандалозен.

Така деновиве се појави аматерска снимка од авион со кој Аргентинецот патувал од еден кон друг руски град следејќи ги натпреварите на гаучосите на Мундијалот, на која тој е во свој елемент. Марадона демонстрира како се пие на екс без користење на дланките, што предизвикува одушевување на присутните, додека до него има голема ќеса бел прав, која веднаш предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Поради неговата љубов кон кокаинот, која е докажана низ годините, првата помисла на тие што ја гледале снимката е дека станува збор токму за оваа дрога и тоа во огромни количини, што, ако е точно, може да го објасни неговото колабирање на полувремето од клучниот меч на Аргентина против Нигерија.