Марадона: Ние сме просечен тим, пропаѓаме и ништо не менуваме

Диего Марадона смета дека Аргетнина е просечен тим, без оглед на тоа што во тимот го има Лионел Меси.

Аргентина испадна од Франција во осминафиналето на Мундијалот, а Марадона смета дека во овој тим на Гаучосите нема посебен квалитет.

„Како да сме во кино, а не на стадион. Гледавме како хронолошки пропаѓаме. Тоа се случи. Франција се фокусираше на Меси, кој не можеше да ја игра својата игра. Без него Аргентина е само еден обичен тим. Уште еден Мундијал е завршен, а ние останавме со празни раце. Штета“, порача Марадона.

Тој еуфорично ги следеше сите дуели на Аргентина од почетокот, но Франција и Мбапе му ги скратија сите надежи. Најверојатно, Меси својата репрезентативна кариера ќе ја заврши без освоен трофеј.