Кога не може на СП, Наинголан ја пее химната гол пред огледало (ВИДЕО)

Белгија ги има завршите подготовки за воведниот меч со Панама на СП во Русија в понеделник, а и овој Мундијал ќе мине без еден од најдобрите фудбалери на „црвените ѓаволи“, Раџа Наинголан, кој беше пречкртан од селекторот Роберто Мартинез.

И кога Наинголан го нема на СП, тој не мирува па пред огледало гол се снимаше како се подготвува за меч – пеејќи ја химната. Нејасно е што сакаше да покаже со својето видео, но повеќе од јасно е дека освен што ќе биде голем навивач и тоа како му недостига националниот тим.

Веројатно ова е само почеток од неговата активност на социјалните мрежи околу репрезентацијата и настапот на СП.