Фудбалерите на Северна Кореја, сепак, пристигнаа во Токио

Фудбалската репрезентација на Северна Кореја денеска допатува во Токио, каде претстојниот викенд ќе уечствуваат на шампионатот во Источна Азија, и покрај санкциите на Јапонија кон Пјонгјанг поради тестирањето ракети и развој на нуклеарното оружје.

Северна Кореја на турнирот во Источна Азија ќе игра против Јапонија, Кина и Јужна Кореја.

Во Источна Азија тензиите се зголемени, а главна причина се ракетните тестирања на Северна Кореја. Пјонгјанг неодамна лансираше интерконтинентална балистичка ракета, која заврши на околу 200 наутички милји од ексклузивната економска зона на Јапонија.

Јапонија на севернокорејските државјани им забрани влез на нејзина територија, што беше само еден дел од санкциите кон Пјонгјанг поради нуклеарните и ракетните тестирања.