ФФМ: Не сме добиле ништо за аферата, ниту од МВР, ниту од Интерпол!

Откако белгиското јавно обвинителство денеска објави дека џиновската афера во оваа земја е проширена на дел од Балканот, меѓу која е и Македонија, од Фудбалската федерација на Македонија велат дека тие немаат добиени ништо од Министарството за внатрешни работи или од Интерпол за истрагата и сомневањата за фудбалски местенки.

Обвинителството посочи дека дел од истрагата е дека „сомнителни финансиски операции“ биле извршени со што потоа се влијаело на „фудбалските резултати“. Но, нема детално потенцирано што е змешаноста на Македонија во аферата, ниту пак кои се евентуалните мечеви или лица што направиле кривично дело.

„Ние не сме добиле ништоод Министерство за внатрешни работи (МВР) или од Интерпол. Тоа можеби е нивна интерна истрага, но ние како ФФМ, од МВР или од некоја слична институција која што се занимава со оваа проблематика не сме добиле ништо“, рече портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.