Фаворитите зарибани на стартот на СП: Ниту Бразил не се прослави (ВИДЕО)

Бразил и Шпајцарија одиграа 1-1 во првото коло од групата Е на Светското првенство. Уште еднаш се потврди дека нема фаворити на овој фудбалски собир, бидејќи веќе сите репрезентации играат на високо ниво. 

„Кариоките“ одлично го започнаа натпреварот со напаѓачки и атрактивен фудбал, а тоа им донесе водство од 1-0. Филипе Кутињо изведе мала магија и постигна фантастичен гол од далечина.

По голот, Бразилците несвојствено застанаа на теренот и почнаа да тактизираат. Швајцарија знаеше тоа да го казни во 50-тата минута преку Стивен Зубер, кој погоди со глава по еден корнер на Џердан Шаќири. Голот беше малку спорен, бидејќи Зубер пред да бие го оттурна Мирана и направи очигледен прекршок. 

Бразил притисна силно во финишот и имаше одлични шанси преку Нејмар со глава, потоа преку Роберто Фирмино, се закани и Миранда, а последната шанса во 96-тата минута ја имаше Ренато Аугусто. Со овој бод дефинитивно задоволни ќе бидат само Швајцарците.