Ето со неочекуван коментар: Меси, Роналдо или Ван Дајк? Најдобрите не се тука!

Синоќа во Милано се доделуваше наградата за најдобар фудбалер за 2019 година, а на церемонијата беа присутни голем број познати лица од светот на фудбалот.

Меѓу нив беше и легендарниот Самуел Ето, кој беше во центар на внимание поради неговиот стајлинг, но и поради интересната изјава.

Камерунецот не избра никој од номинираните фудбалери за најдобар, зашто имал свои фаворити.

„За мене најдобри се Мохамед Салах и Садио Мане, но тие не се во изборот“, порача Ето.