Навивачите на Кардиф подготвија џиновска емотивна порака за Сала

Потрагата е во тек по исчезнатиот авион со најскапото засилување на Кардиф, Емилијано Сала, но сите се плашат од најстрашното, а тоа е дека Аргентинецот не преживеал, па многумина од навивачите почнаа да се простуваат од него.

Навивачите ширум светот испратија многу пораки за Сала. А, специјална порака подготвија и фановите на Кардиф.

„Никогаш не те видовме како играш и како постигнуваш голови, но Емилијано, наша убава сина птицо, ќе те сакаме засекогаш“, емотивно се простија навивачите.

Да потсетиме, Сала беше во Нант, каде што се поздрави со поранешните соиграчи, а потоа тргна кон Кардиф, но некаде по пат му се губи секаква трага, по што беа испратени пет хеликоптери и неколку бродови да го бараат.