Четворицата генијалци на Капело - меѓу нив го нема Кристијано Роналдо

Легендарниот италијански стручњак Фабио Капело ги избра четворица фудбалери низ историјата кои за него имаат статус на генијалци.

На списокот се двајца Бразилци и двајца Аргентинци. Станува збор за Лионел Меси, Диего Марадона, Пеле и, како што вели Дебелиот Роналдо. Изненади со тоа што во овој квартет го нема Кристијано Роналдо, фудбалерот кој одбележа една ера во најпопуларниот спорт на светот.

„Кристијано е фантастичен играч, освои многу трофеи, Златни топки, но не е толку голем како Меси. Одличен стрелец и се знае како да направи, ама не е гениј“, смета Капело.

Тој се осврна и на новата ѕвезда во тимот на Барселона, Ламин Јамал за кого тврди дека е одличен и талентиран играч, но не е на нивото на Меси.