Бразил со најсилното оружје ја напаѓа Швајцарија: Нејмар, Кутињо, Жесуз, Вилијан... (ФОТО)

Бразил вечерва од 20 часот го игра првиот натпревар на Светското првенство против Швајцарија во рамки на Групата Е. Селекторот на „кариоките“ Тите се одлучи за најсилниот состав што го има на располагање.

Нејмар, Кутињо и Габриел Жесус очекувано се во почетната постава, а тука е и Вилијан. Можеби се очекуваше Даглас Коста на стартот, но овој пат тој ќе чека шанса од клупата.

И на спротивната страна нема изненадувања. Стартува капитенот Стефан Лихштајнер, а тука се и Гранит Џака, Валон Бехрами и Џердан Шаќири.