Барса остана без засилување поради компјутерска грешка и доцнење од 18 секунди!
Барса до последниот момент се обидуваше да го ангажира 21-годишниот мексикански репрезентативец за сума од 6,5 милиони долари, но за малку не успеа во тоа.
„Не успеавме да го регистрираме Араухо поради грешка во системот. Во прашање се само 18 секунди. Сега чекаме да видиме ФИФА што ќе каже на сето ова“, изјави Алемани.
Каталонците зимава останаа без Хектор Белерин и Мемфис Депај.