Аргентинците вријат: Фолкландските острови ги разбеснија „гаучосите“ со еден твит (ФОТО)

Се сеќавате на Диего Марадона и неговиот блесок со Англија пред 32 години во Мексико. Прво им даде гол со „божјата рака“ како еден од најконтроверзните моменти на Мундијалите, а потоа го постигна и најубавиот гол предриблувајќи го целиот тим на „Гордиот Албион“.

По мечот, Марадона изјави дека неговиот перформанс во Мексико во 1986 година, кога Аргентина стана втор и последен пат светски првак е одмазда кон англичаните за Фолкландските острови. Пред Мундијалот, Аргентина и Велика Британија влегоа во војна за островите кои припаѓаат под Јужна Америка на самиот југ од континентот.

За Аргентинците островите се Малвинас, а за Англичаните – Фолкландски острови. И сега, баш тие острови, кои се британска колонија од 1960 година со контроверзен твит ги разбеснија Аргентинците. Ја прославија победата на Франција со знамето на Аргентина, на кое „сонцето“ - плаче!