Десет минути по крајот на мечот, кога Украинците прославија и се повлекоа во соблекувалните, нашите фудбалери со овации од Фалангата беа поздравени за сѐ тоа што ни го приуштија деновиве во Букурешт. Очи полни со солзи, душата ранета, плаче, а полна до максимум. Вака се сака нацијата и државата. Не можеа подобро испраќање да имаат од ова. Како ли ќе беше ако не загубевме...