Ни Вардар, ни Жељо - Велковски потпиша за Зрињски!

Македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски (30), е најновото засилување на босанскиот шампион Зрињски, каде што на крајот заврши и покрај шпекулациите дека може да се врати во Вардар односно да потпише со сараевски Жељезничар.

Тој денеска официјално потпиша едногодишен договор со тимот од Мостар, со можност за продолжување до 2027 година. Велковски во редовите на актуелниот првак на БиХ доаѓа од унгарскиот клуб Нирегихаза, а зад себе има богато интернационално искуство и 56 настапи за македонската репрезентација, со која учествуваше и на Европското првенство во 2021 година.

Велковски кариерата ја започна во Работнички, а потоа настапуваше за Вардар, од каде замина во Ријека, во која мина четири сезони. Следно го носеше дресот на саудискиот Ал-Етифак, а пред заминувањето во Унгарија беше и дел од романскиот Динамо Букурешт. Дефанзивецот е трет македонски фудбалер кој летово реши да настапува во екипа од БиХ, откако изминативе недели тоа го сторија Стефан Ристовски и Елези, кои потпишаа за Сарајево.