Најголемите романски легенди нема да гледаат Македонија - Украина - ќе бојкотираат!

Двете најголеми романски легенди Георге Попеску и Георге Хаџи денеска од 15 часот на Националчната Арена во Букурешт, нема да дојдат да ја гледаат Македонија во суперинтересната пресметка со Украина, после скандалозниот третман од романската федерација која им го приреди во неделат на мечот на црвено-жолтите со Австрија на отворањето на мечевите од Еуро 2017 во романскиот главен град.

Попеску, Хаџи, Дорнел Мунтеану и други легенди, наместо ВИП-третман, ги пратиле со билетите да бидат обична публика, за да ги остават удобните фотелји на преубавиот фудбалски храм во Букурешт за политичарите, па јавноста и медиумите збеснаа после ваквиот потег.

И сега, како што објавува „Газета Спортулул“, Попеску и Хаџи донесе одлука дека нема да се појават на стадионот како бојкот кон федерацијата, иако таа решила да си ја поправи глупоста, па им најавила дека ќе им овозможи ВИП-третман.

Романската федерација откако направи глупост, па беше ставена на столб на срамот за третманот на легендите, вчера објавила дека ја замолила УЕФА да им даде дополнителни ВИП-влезници, за да им угодат на легендите, ама сега Попеску и Хаџи решиле да не прифатат такво нешто, за разлика од Дорнел Мунтеану, кој како дел од амбасадорите на Еуро 2020 ќе се појави на стадионот.

„Јас не му кажав на Хаџи за каде имаме влезници, зашто ако му кажев знам дека немаше да дојде. За жал, само тука на нашиот стадион, ние немаме третман на ВИП, зашто било каде сега да отидеме ќе бидеме дел од тој третман“, рече Попеску за скандалот.

Инаку завчера романските медиуми објавија дека првиот човек на ФРФ, Разван Бурлеану на делегатите на Конгресот им нуди „пакет уживање“ од два дена во Букурешт за редовен Конгрес, ама и осминафинале на ЕП, како дел од неговата кампања за нов мандат во пролетта догодина.