Милевски избра за Италија – без Несторовски на списокот за Палермо! (ФОТО)
Милевски ги избра сите играчи кои досега беа на списокот, на истоиот ги има и суспендираните Елиф Елмас и Тихомир Костадинов, кои нема да може да играат против европскиот првак Италија, тука е и Аријан Адеми, кој сѐ уште нема настап за Динамо после повредата, па новитет е кам-бекот на Давид Бабунски како опција за офанзивниот дел во средниот ред. Бабунски после подолго време се враќа во А-тимот, за кој дебитираше уште пред девет години, а беше капитен и лидер на „златната генерација“ која со Милевски прва го скрши мразот за настап на една селекција на големо натпреварување, играјќи на Еуро 2017.
Наумовски, пак, се враќа во селекцијата После одличните настапи за лидерот Шкупи, а дебитираше во 2009 година и има шест настапи за националниот тим. Тој го зазема местото на Ристе Јанков, кој беше трет голман на националниот тим, а претходно беше и Дѐејан Илиев. Стандардниот голмански двоец останува Столе Димитриевски и Дамјан Шишковски.
Македонија на 24 март гостува во Палермо кај европскиот првак Италија во полуфиналето, а финалето е на 29 март на гости кај Португалија или Турција. Собирот на македонската репрезентација почнува во недела, а во понеделник ќе се комплетира тимот. За вторник е предвидено патувањето за Сицилија.