ФФМ ги награди фудбалерите за добриот старт во квалификациите со по – 4.000 евра!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги награди македонските репрезентативци со по 4.000 евра премии за добриот старт во евроквалификациите, откако Македонија освои четири бода од воведните два меча.

Македонија ја победи Летонија со 3-1, а ремизираше во Љубљана со 1-1, па е во самиот врв во евроквалификациската група со четири бода, исто колку Израел, а два зад лидерот Полска. ФФМ на денешниот состанок на Управниот одбор донесе одлука за награда на фудбалерите.

Македонската репрезентација подели рекордна премија од половина милион евра за првото место и обезбедениот плејоф за пласман на Евро 2020 преку Лигата на нации.