Ангеловски: Ако немавме среќа на ждрепката, да ја имаме во – најважните мечеви!

Македонскиот селектор Игор Ангеловски присуствуваше денеска на ждрепката за мартовските плејоф баражи во Лигата на нации, преку кои Македонија ја има златната шанса за да се пласира на Евро 2020, иако денеска немавме среќа да го добиеме и финалето на домашен терен.

Ако со резултатите и бодовите во групата си обезбедивме домашен меч со Косово, сега ждрепката не ни беше наклонета, па финалето и мечот на кој ќе се вади визата ќе го играме во Грузија или Белорусија.

„Ждерепката не беше на наша страна, финалето ќе се игра во Грузија или Белорусија, но за да се пласираме таму мора да мислиме на првиот натпревар. За нас најважен е тој натпревар со Косово, каде што треба да бидеме максимално подготвени. А, што се однесува до финалето, мислам дека е помалку важно каде се игра бидејќи мотивите се огромни. Ако немавме среќа на извлекувањето, очекувам да имаме среќа на самите натпревари“, вели Ангеловски.