Адидас се посрамоти: На Русите им направи дресови со - знаме на Србија (ФОТО)

Руската фудбалска репрезентација, наводно, одбила да ги носи новите дресови поради техничкиот спонзор „Адидас“.

Дизајнот на ракавите што завршува во тробојка што изгледа како српско знаме, наместо руско, е контроверзен.

Ракавите на новите дресови на Русија завршуваат во црвена, сина и бела боја, додека рускиот тробојка е обратна.

Руската репрезентација ќе продолжи да ја користи опремата со која започна во квалификациите и на наредните натпревари, соопшти Фудбалската федерација на Русија.

Иако Русите веднаш посочија на грешката, штом се појавија првите фотографии од новите дресови, дизајнерите на „Адидас“ не го поправија големиот пропуст.

 

 

Ова не им се случило во случајот со дизајнот на дресовите на Германија, кои лесно можеа да ги добијат ракавите во нијанси на колумбиското знаме.