Зидан поставил еден многу важен услов за потпис во Баерн

По пауза од три години, Зинедин Зидан би можел да се врати на фудбалот преку ангажманот во Баерн, но пред да се случи тоа, францускиот стручњак сака да си обезбеди силен и квалитетен тим,

За таа цел, тој му поставил еден многу важен услов на раководството на клубот кој се однесува на составот на екипата. Зидан бара вложувања во последната одбранбена линија и големи засилувања во тој дел од тимот. Во таа насока е и интересот на Баерн за фудбалерот на Барселона, Роналд Араухо чиј трансфер би можел да се оствари во текот на летото.

Прва цел на Баерн за тренерската позиција беше Јулијан Нагелсман, но тој вчера го продолжи договорот со Фудбалската федерација на Германија каде останува селектор и во следните две години.