Веќе сè е јасно: Лаутаро ќе го облече дресот на Барселона! (ФОТО)

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез најверојатно ќе го напушти Интер на крајот од оваа сезона.

Лаутаро пристигна во Интер за летото 2018 година од аргентински Расинг за 25 милиони евра, а со своите игри ги оправда сите очекувања. Овој 22-годишен напаѓач со Интер има договор до летото 2023 година, но се шпекулира дека ќе ги промени клупските бои во текот на летото.

Голем интерес за Лаутаро покажа екипата на Барселона, а доколку сакаат да ги осигураат неговите услуги ќе мора да искешираат 111 милиони евра колку што изнесува неговата откупната клаузула.

Иако Интер дава се од себе да го убедат Лаутаро да остане на „Меаца“, сепак се чини дека ова веќе не е реална опција. Каталонски „Спорт“ утрово пишува дека Лаутаро јасно ставил до знаење дека сака да продолжи кариера во Барселона, а причина за тоа е желбата да игра заедно со Лионел Меси.